wordpress counter

Медитеранска вок тава

Кога зборуваме за подготовка на јадење во вок тава, вообичаено првата мисла што ни паѓа на памет е кинеска или јапонска кујна. Сепак, интересно е да се знае дека и на медитеранските јадења одлично им одговара оваа азиска тава.

Вок тавата е сад за приготвување на храна кој има заоблено дно и најчесто е направен од ефтини материјали, поточно тенок лим. Но, освен за далекуисточните јадења, вок тавата може да се искористи и за храна која е многу поблиску до нас.

Идејата на вок тавата е во оптимално искористување на различни температури кои во исто време се појавуваат на дното на садот. Во средината е најтопло, додека кон краевите температурата се намалува. При тоа, мошне е важен распоредот на продуктите и начинот на кој се сечени. Најчесто се во форма на стапчиња, со цел да се намали времето за нивно приготвување и на тој начин да се сочуваат што е можно повеќе од хранливите состојки.

Затоа, би било добро кога овој сад би го користеле и за приготвување на други јадења, како на пример медитерански. Можеме да искористиме ослич, исечен на филети или тенки парчиња. Од главата, коските и кожата може да се свари рибја чорба која ќе ја искористиме за приготвување на јадењето.

Во загреан вок се става маслиново масло и кратко се пржи осличот. Потоа, го тргаме осличот кон крајот на вок тавата, а на средина доаѓа насечкан кромид, праз, морков, магданос и лук. Од зачини може да ставите мајчина душица, жалфија, босилек и рузмарин. Со додавањето на рибјата супа може да се додадат и пелати заедно со сосот од домати. Се сервира со ориз.

Во вок тава може да се приготват и одлични њоки. Може да бидат обични од компири или од блитва или спанаќ. Вок со школки е исто така одличен избор. Ако се свежи се пржат заедно со оклопот. Со помош на вок тавата може да се приготват и неверојатни специјалитети од јастог или ајкула, во комбинација со маслиново масло и медитерански зачини.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Пијан шаран со сланина

Рибата секогаш со радост ја пречекуваме на нашите трпези. Уште ако е приготвена на вистински начин, тогаш гурманите може да...

Close