wordpress counter

Микробранова печка: Да или не?

Кога храната е предмет на термичка обработка, дел од хранливите материи се уништуваат. Особено осетливи на овој процес на подготовка се витамините. Освен што лесно се распаѓаат на повисоки температури, тие лесно се разредуваат во водата.

Ако користиме микробранова печка, витамините во голем дел се сочувуваат. Тоа е така бидејќи во овие печки времето на варење е значително пократко и бара многу помалку вода при процесот на готвење. Затоа, велиме да за микробрановата печка.

Покрај тоа, ви предлагаме неколку совети за сочувување на хранливите материи при варење на храната:

• користете што е можно помалку вода при процесот на готвење;
• секогаш варете ги продуктите откако ќе ги насечкате;
• внимавајте да не ја преварите храната – штом омекне, престанете со варење;
• избегнувајте го лупењето на продуктите – многу хранливи материи се наоѓаат веднаш под лушпата.

Related Posts with Thumbnails