wordpress counter

Најдобри методи на готвење

Постојат безброј начини, комбинации и техники на подготовка на храната. Во оваа статија ќе се потрудиме да ги наведеме оние кои нудат најдобар сооднос помеѓу хранливите состојки и сочувувањето на нивниот изглед и вкус.

Подготовка на скара
Овој метод се користи при подготовка на месо и риба. Скарата треба да е добро загреана пред да го ставите месото на неа. Некои производи од месо како колбаси и сланина содржат премногу масти и затоа не е потребно да се намастуваат пред подготовката. Од друга страна, пилешкото месо е најдобро да биде маринирано за добие влажност. На скара може да подготвувате и зеленчук како домати, печурки и пиперки.

Подготовка на метална решетка и жар
Овој метод е мошне брз и здрав. Се користат многу помалку маснотии во споредба со пржењето. Ѝ дава на храната атрактивен изглед. Ако се подготвува риба, потребно е да се отстрани вишокот на влага од неа. Потоа се става на метална решетка и во текот на печењето се премачкува со рузмарин и маслиново масло.

Готвење во фолија
Парчињата храна се обвиткуваат во алуминиумска фолија и потоа се готват. Во текот на овој процес се задржуваат сите ароми и хранливи материи. Овој метод се препорачува за риба или месо со помала масленост.

Готвење на пареа
За овој начин на готвење, потребно е храната да се смести над загреана вода која испарува. Притоа, се задржуваат сите ароми, бојата, обликот, текстурата, витамините и минералите во храната. Ова е еден од најздравите начини на подготовка на јадењето. Се препорачува за подготовка на зеленчук. Со напомена, никогаш да не го посолувате зеленчукот пред да го ставите на пареа.

Related Posts with Thumbnails