wordpress counter

Нови вкусови со мали трикови

Ние, вљу­бе­ни­ците во хра­ната, посто­јано сакаме да ги спо­де­лу­ваме сите тајни и три­кови на готве­њето. Токму на тоа е посве­тена оваа ста­тија на Гур­ман™. Компи­ла­ција од совети на бројни гур­мани низ светот.

Уни­вер­за­лен оцет
Кога под­го­тву­вате било каков десерт со јагоди, дода­дете и малку оцет балса­мико. Тој ќе ги зајакне и мири­сот и вку­сот на јагодите.

Конец за заби
Кори­стете оби­чен конец за заби за да пре­се­чете што­туку испе­чено тесто за торта или тесто за под­го­твка на крофни. Ако под­го­тву­вате месо, можете да го врзете со овој конец, кој потоа лесно се отстранува.

Чоко­ладо и какао
Кога под­го­тву­вате чоко­ладна торта, попра­шете го сука­лото со какaо наме­сто со брашно.

Павлака нао­паку
Чувајте ја павла­ката во фри­жи­дер со капа­кот надолу. Нема обја­сну­вање зошто, но све­жи­ната трае подолго.

Бокал за мерење
Пред да ста­вате состојки кои се лепат во бока­лот, напо­лнете го со топла вода. Потоа, исту­рете ја водата и без да го бри­шете бока­лот ста­вете ги состој­ките. Инте­ре­сно колку лесно ќе истече путе­рот од киритки или матено нес кафе со пена.

Пер­фектни кола­чиња
Откако ќе го заме­сите тестото и ќе ги офор­мите кола­чи­њата, оста­вете ги малку да се ола­дат, а потоа печете ги. На тој начин, ќе спре­чите путе­рот пре­бргу да се рашири и нема да имате поди­зго­рени кафени кра­еви на кола­чите.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Совети