wordpress counter

Органски ореви за перење на облека

Органските оревчиња се плодови на растението „Sapindus Mukorossi“ кое расте на падините на Хималаите во Индија и Непал. Станува збор за природна и мошне ефикасна замена за хемиските средства за перење. Се користат при перење на облека, идеални се за осетливи ткаенини како што се лен, волна и свила, бидејќи ја чуваат бојата. Покрај тоа, овие оревчиња се идеален избор за личности кои се склони кон алергии и имаат проблеми со кожата.

Овие оревчиња се биоразградливи и без мирис. На облеката и постелнината и даваат природна мекост без употреба на омекнувач. Еден килограм оревчиња се доволни за 180-250 перења. Може да се најдат во некои од био продавниците или продавниците за здрава храна.

Како се користат?
Се користат 1.5-4 лушпи од оревчињата за 4 перења на температура од 30-50 степени, односно 2 перења на температура 60-90 степени. Лушпите се ставаат во мала памучна вреќичка. Таа вреќичка се става помеѓу облеката во самата машина за перење.

Со оглед дека оревчињата немаат мирис, ако сакате ткаенините да имаат мирис, тогаш можете вреќичката да ја попрскате со неколку капки етерични масла (лаванда, портокал, нане).

Напомена: ако перете бела облека, за да спречите да стане сива, додадете 1-2 лажици средство за избелување.

Related Posts with Thumbnails