wordpress counter

Освежете го вашиот појадок

Според стручните лица и нутриционистите, појадокот е најважниот оброк во текот на денот и тој не смее да се избегнува. Но, може да биде досадно ако секој пат јадеме иста или слична храна. Затоа, ви предлагаме неколку додатоци кои ќе го освежат вашиот прв оброк.

Кашата од зоб ќе биде повкусна ако ја надополниме и со некаков додаток. На пример, во садот со каша ставете и малку мармaлад, јаворов сируп или јогурт.

Ако ви здосадија обичните пецива и кроасани, тогаш пробајте ги во комбинација со крем сирење, мармaлад или домати.

Појадокот може да се засили со белковини. На пример, пробајте комбинација од корнфлекс и кајгана со печурки. Ако кон ова додадете и домати, вие ќе останете сити сѐ до ручекот.

Диететските влакна се особено значајни ако се внесуваат наутро. Подгответе сендвич од пециво или интегрален леб со ореви, спанаќ и пченка.

Овошјето е одличен избор за појадок. Јагоди, банани, манго или некое сушено овошје ќе го подигне нивото на енерија. Или одберете свежо цеден сок (ако ви е напорно да го подготвите – посетете го Caramelo™) и житарки.

Related Posts with Thumbnails