wordpress counter

Отстранете ги непријатните мириси

НЕПРИЈАТНИ МИРИСИСекогаш кога подготвуваме некаква храна, кујната станува средиште на бројни пријатни мириси кои ги дразнат нашите рецептори. Но, откако ќе заврши готвењето останува застоен мирис кој е непријатен за нашиот нос. Особено кога ќе влеземе во кујната откако сме готвеле риба, пржеле сланина или пак пилешки стекови или печено пиле. Еве неколку совети за отстранување на тие мириси.

Отстранување на мириси од просторија

1. Измешајте 2 шолји (окулу 500 милитри) вода, 1 шолја (250 милилитри) оцет и 1 голема лажица цели каранфилчиња во широка и плитка тава
2. Оставете ја смесата да врие 10 -25 минути без да го покриете садот

Повторете ако мирисот сеуште се провлекува низ кујната.

Можете во оваа смеса да додадете и кора од грејпфрут и половина лажица екстракт од чиста ванила, ако мирисот е досаден и не сака да го напушти просторот.

Отстранување на миризба од вашите раце

1. Ако сте чистеле лук или кромид, тогаш истријте ги прстите со лажица од не’рѓосувачки челик под млаз ладна вода
2. Ако сте подготвувале риба, тогаш измијте ги рацете со сок од лимон

Related Posts with Thumbnails