wordpress counter

Перфектно пржено пилешко

ПЕРФЕКТНО ПРЖЕНО ПИЛЕШКООднадвор крцкаво, однатре меко и сочно. Да се добие ова е вистински предизвик за сите љубители на панирано пржено пилешко. Рецептите за пилешко ги има многу и по начин на подготовка и по број. Се чини дека секоја домаќинка, или секоја кујна, има свој посебен рецепт и техника за подготвување пилешко.

Глобално, пилешкото е популарно секаде, особено пржено пилешко во фритеза, кое не ретко се служи во повеќето ресторани за брза храна. Постои корејска верзија, која со децении е омилена брза храна во оваа земја. Особено крилца и копани, кои во Кореа традиционално се пржат во маслиново масло, што веднаш претставува по здрава храна. Во Америка и Австралија, пилешкото на големо се консумира на сите начини, а најмногу пржено. Пилешките прсти, еден универзален рецепт од пилешко, се популарни низ Европа, како и на Балканот. Со сите културни верзии и варијации на рецепти, да се добие вкусно крцкаво пилешко не е едноставна работа. Еве неколку готвачки препораки и совети со кои ќе можете да добиете перфектно пржено пилешко.

ПОДГОТОВКА
За пилешкото да ја сочува сочната текстура и со тоа да добие по дебела прекривка, неколку часа пред пржењето треба да се подготви во млеко и лук, зачинето со пиперка, сол и шеќер. Месото се става во течноста и се чува во фрижидер најмногу до 8 часа, иако доволни се 4-5 часа.

ПИЛЕШКО МЕСО
Пржете помали парчиња пилешко месо, за да бидете сигурни дека ќе се испржи еднакво во сите делови и ќе се избегне препржување на надворешните делови, а воедно да не остане недопржено одвнатре.

ТЕСТО ЗА ПАНИРАЊЕ
Правете го со јајца, млеко и брашно. Задолжително ставете прашок за печиво во тестото за панирање, за се добие покрцкава кора.

МАСЛО
Додадете неколку ливчиња целер во маслото за да го збогатите вкусот и да му дадете фина боја на прженото пилешко. Некои готвачи месото го пржат во масло од кикиритки, токму поради екстра вкусот кој го дава.

САД
За еднакво загревање користете лиена железна тава. Иако им треба подолго да се загреат, добиваат перфектна распределба на температурата, со која ќе немате проблеми при пржењето. Ако одберете пилешкото да го пржите во длабок сад за пржење, менувајте го маслото при секоја сесија на пржење. Ова е практично за поголеми количини пилешко, но бара многу масло.

ТЕМПЕРАТУРА
Внимавајте при температурата на пржење. За да почнете да пржите треба да добиете температура од 180°С. Но, кога ќе го ставите пилешкото во маслото, температурата ќе се намали. Ако ставите многу парчиња пилешко во маслото одеднаш, температурата ќе се намали до тој степен што месото ќе стане раскиснато. За да проверите дали маслото е убаво загреано за пржење, земете малку брашно и пуштете го во маслото. Ако се пржи убаво, без веднаш да поцрни, тогаш сте на одлична температура за пржење.

ЛАДЕЊЕ
Популарен начин за ладење на панираното пржено пилешко е откако ќе се испржи да се стави во кафена хартиена кеса. Површината на ваквата кеса го апсорбира непотребното масло, без да ги уништи крцкавите делови на испржените парчиња. Не користете хартиени крпи, бидејќи тие ќе ја расипат крцкавоста на месото. [МАЈА БАЛША]

Related Posts with Thumbnails