wordpress counter

Пет кратки совети за совршен печен зеленчук

Во овие студени денови, печениот зеленчук во рерна не само што е вистински специјалитет, туку со него може и да се најаде целото семејство. Се сервира како прилог кон јадења со месо или риба.

Во рерна најдобро се снаоѓаат компирите, морковот, кромидот, лукот и тиквата. Не ви советуваме да печете лисест зеленчук, затоа што само ќе загуби од својот вкус. Ако сте се решиле да печете зеленчук, тогаш најдобро е да се држите до следните 5 совети:

1 Загрејте ја рерната на 200 степени. Ако сакате зеленчукот да биде карамелизиран однадвор тогаш зајакнете го огнот за уште 10-20 степени. Ако рерната не е доволно загреана, зеленчукот само ќе се превари, наместо да добие боја однадвор.

2 За да заштедите време подоцна кога ќе дојде на ред миењето садови, тогаш садот секогаш обложете го со хартија за печење.

3 Никогаш не ставајте премногу зеленчук во садот за печење. Оставете малку простор помеѓу парчињата за да може убаво да се запечат.

4 На зеленчукот ќе му треба и малку масло. Никако не смее да плива во масло, затоа бидете внимателни кога налевате. Најдобро е да го премачкате зеленчукот со микс од маслиново масло и сок од лимон.

5 Зачинете со сол и бибер. Зачините како рузмарин, мајчина душица или жалфија се ставаат на крај. Зеленчукот секогаш печете го во сад без капак.

Related Posts with Thumbnails