wordpress counter

Правилен баланс на сите вкусови

СОВЕТИ КАКО ДО ПРАВИЛЕН БАЛАНС НА СИТЕ ВКУСОВИСпоред традиционалната медицина, балансирањето на вкусовите води до физичка и ментална благосостојба. Секако дека оброк кој содржи слатко, солено, кисело и луто е подобар од оној кој има само еден или два вкуса. Затоа следете ги следниве чекори за да уживате во јадењето.

1 Купувајте повеќе несолени продукти, за да ги комбинирате полесно вкусовите;
2 Разгледајте и други можности за посолување на храната освен сол. Како на пример соја сос, коцка за супа, пармезан или некој зачин;
3 Снабдете се со различни видови на оцет, како и сок од лимон или лимета;
4 Балансирајте ја киселоста со слатки додатоци. Мед или кафен шеќер ќе ви помогнат во тоа. Италијанците, киселоста на доматот знаат да ја измешаат со шеќер;
5 Внимателно со зачините. Во јадењето се додава помалку, а остатокот од зачините може да се остави на масата, па секој гостин да си реши колку ќе употреби по свој вкус. За да направите оптимално јадење, зачините ставајте ги на почетокот од готвењето;
6 Обидете се, понекогаш, да го замените црниот бибер со кари, чили, пиперче или сенф. Така ќе му дадете посебен вкус на јадењето.

ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ
• направете рамнотежа помеѓу сезонската храна и несезонскот ориз
• киселиот вкус се надополнува на крајот од готвењето
• ако користите оцет балсамико, не додавајте ништо слатко во вашата салата
• кромидот, црвените пиперки, сувото грозје и сушените јаболка се природни состојки кои може да ја зголемат слаткоста на оброкот

Related Posts with Thumbnails