wordpress counter

Предлози за употреба на сусам

Во нашите кујни, сусамот и понатаму најчесто се користи како додаток на пекарски производи. Но, треба да се знае дека тој нуди многу повеќе од тоа и може да им даде сосема друга димензија на јадењата кои ги приготвуваме.

Постојат различни варијатни на сусам, но кај нас, најчесто се користи белиот сусам. Една варијатна на негово кристење е да го потпечете. Ставете го сусамот во сад за пржење. Печете го на умерен оган, со постојано мешање со дрвена лажица. Откако ќе добие румена боја, тргнете го од оган и можете да го користите како додаток кон многу јадења.

Зачинот „гомашио“ се добива така што се мешаат една мала лажица сол со 18 мали лажици мелен сусам. Оваа смеса потоа можете да ја додавате кон супи, варива или салати. Готвачите го додаваат во разни сосови, а претставува незаменлив дел на намазот од леблебија. Ако помешате мелен сусам со сусамово масло ќе добиете „тахини“, намаз кој може да се консумира со леб или да го користите при приготвување на колачи.

Од сусамот се добива и алва, како и темно масло од сусам кое може да се користи за пржење, печење или да се додаде во сосови и преливи за салати. Сусамот одлично оди и со тестенини и ориз. Секое јадење приготвено во вок тава може на крајот да се посипе со сусам за побогат вкус. Една лажица сусам може наутро да додадеме и во нашите омилени житарки. Ако сусамот го искомбинираме со малку лимонов сок, ќе добиеме одличен гарнир за зеленчук приготвен на пареа.

Комбинацијата од оризов оцет, соја сос, гмечен лук и сусам е одличен прелив за салати. При приготвување на похувани јадења, сусамот може да се додаде во лебните трошки. Во слатките десерти, убаво се комбинираат со мед или слад, а печените плочки од сусам можат да бидат вкусен меѓуоброк.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Нов водич на „Харвард“ за здрава исхрана

Експерите за нутриционизам на „Harvard School of Public Health“ создадоа нов водич за здрава исхрана. Во продолжение следуваат најважните точки...

Close