wordpress counter

Продукти кои немаат рок на траење

Најголем дел од производите имаат определен рок на траење. Но, интересно е дека постојат продукти кои можете да ги користите неограничено. Ние ве запознаваме со пет такви продукти.

Мед
Медот може да кристализира или да ја промени бојата, но поради делувањето како антибиотик, не може да се расипе. Се чува на студено место, а доколку кристализира, теглата ставете ја во сад со врела вода и мешајте додека не се врати во првобитната состојба.

Шеќер
Без оглед дали е во прашање бел и кафен шеќер, овој продукт никогаш не се расипува. Не се расипува поради фактот што шеќерот е непријателска средина за бактериите и во него тие не може да се развиваат. Чувајте го на суво место и добро затворен.

Ванила
Екстрактот од ванила содржи алкохол и поради тоа не може да се расипе. Чистиот екстракт само созрева, но вкусот на ванила ќе почне да се губи неколку месеци по отворањето.

Сол
Во најлош случај може да се стврдне. За да го спречите тоа, чувајте ја на суво и темно место, каде ќе ја сочува својата структура.

Ориз
Рок на траење има само кафениот ориз. Причината е во неговата масленост. Белиот ориз може да се консумира неограничено време.

Related Posts with Thumbnails