wordpress counter

Серијал: Зелена кујна (1 дел)

Заштитата на животната средина не подразбира само општествено организирани активности. Планетата и нашата животна околина можеме да ги сочуваме и ние самите. Експертот за еколошки животен стил, Дани Сео, споделува со нас трикови и совети како нашата омилена просторија во домот да ја направиме „зелена“.

Совети за зелена кујна

Чистење на машината за кафе
Ако ја користите оваа машина секој ден, тогаш е многу веројатно да се кумулираат минерали и остатоци од кафе на неа. За зелен начин на чистење на кафе-машината, направете раствор од четири дела вода и два дела бел оцет. Налејте го растворот во отворот за вода и вклучете ја машината. За да го отстраните оцетот, само пуштете обична вода од чешма.

Чистење на кујнски сунѓери
Откако ќе ги измиете садовите и избришете работните површини, сунѓерчињата и крпите имаат непријатен мирис и дамки. Миењето со обична вода не е доволно за да бидат чисти. Затоа, ставете ги во микробранова печка околу 1,5 минута. Оттаму ќе излезат чисти и без мирис.

Отстранување на отпадот
Кантите за ѓубре и отворот за отпад се места каде можеме да ја покажеме нашата еколошка свест. За да се отстрани непријатниот мирис на природен начин, ставете мраз и кора од лимон во канатата или отворот за отпад. Ако станува збор за отвор, по мразот и лимонот пуштете вода. За поефтин начин, чувајте ги искористените лимони и искористете ги секогаш кога отврот ќе замириса.

Related Posts with Thumbnails