wordpress counter

Серијал: Зелена кујна (3 дел)

Досега, во две статии наведовме повеќе од советите на Дани Сео како нашата кујна да ја направиме пријател на животната средина. Денес, го завршуваме серијалот кој ни покажа дека секој може да се погрижи за животната средина, почнувајќи од својот дом.

Складирање
Ставањето на топли остатоци од храна во фрижидер ќе ја зголеми неговата внатрешна температура и ќе предизвика тој да работи повеќе за да ги сочува залихите студени. Затоа, пред да ја ставите храната во фрижидер, оставете ја малку на собна температура.

Инвестирање во нови уреди
Ако фрижидерот е повеќе од 10 години стар, тогаш тој троши 1.5 пати повеќе енергија отколку кога е нов. Ако се решите за нов кујнски уред (не мора да е само фрижидер), одберете таков што штеди енергија и е направен да ја штити животната средина.

Замрзнувач
Кога замрзнувачот е полн, тогаш е енергетски најефикасен. Ако имате празен простор, ставете неколку кеси со мраз за да пополните простор. Така, ќе остане постуден и ќе потроши помалку енергија.

Related Posts with Thumbnails