wordpress counter

Што сè може да се направи со оцет?

Нема кујна во која нема барем едно шише оцет. Станува збор за еден од основните продукти кои се користат при приготвување на разни јадења. Но, дали знаевте дека оцетот може да се искористи и за бројни други намени. Еве неколку совети од нашата редакција:

● неколку мали лажици јаболков оцет, измешани во садот за вода, ќе ја спречат појавата на болви кај вашето домашно милениче;

● за да остане свежо подолго време, цвеќето треба да биде ставено во вазна во која има вода, две мали лажици оцет и една мала лажица шеќер;

● ако ставите мало парче ткаенина натопена во оцет на местото каде што имате мравки во домот, бидете сигурни дека долго време нема да се појават;

● оцетот може да се користи и како хербицид, ако е загреан на 70℃. Загрејте го и со негова помош отстранете го целиот коров од вашата градина. Сепак, внимавајте на другите растенија;

● можете да ги намачкате рацете со оцет пред и по чистење на лук, за да не ви мирисаат премногу опојно;

● ако сакате вашата мачка да избегнува определени места во домот, испрскајте на тие места со малку оцет. Истото ќе го постигнете и со сапуница или кора од лимон;

● со оцет можете да ги исчистите алатот и чешмите;

● нанесете малку оцет на местото каде ве каснал комарец;

● со помош на оцет ќе ги отстраните дамките од вашите раце, кои сте ги добиле од разни видови овошје кое пушта боја;

● со оцет се третираат дури и изгореници од сонце;

● одлично делува и при убод од пчела;

● ако зеленчукот започнал да губи на квалитет, тогаш натопете го во смеса од шолја вода и две мали лажици оцет. ●

Related Posts with Thumbnails