wordpress counter

Сочувајте ја свежината

СОЧУВАЈТЕ ЈА СВЕЖИНАТА НА ТРЕВКИТЕ И ЗАЧИНИТЕ

Зачините се скапи и речиси секогаш морате да купите многу повеќе отколку што ви е потребно за еден ручек. Поради тоа, мора да ги имате предвид советите како да ги одржите свежи колку е можно подолго растенијата и зачините, кои се најважниот додаток на секој оброк.

1 Најпрвин е потребно да ги измиете свежите зачини со ладна вода. Потоа, треба да ги отстраните исушените стебленца и ливчиња и да ги отсечете краевите.
2 Нежно ја истресувате водата од нив.
3 Ставете ги стебленцата во сад наполнет со вода, но треба да внимавате листовите на растението да не бидат потопени во вода.
4 Обвиткајте го садот и растението со пластична ќеса или фолија.
5 На крај, ги ставате во фрижидер. Сменете ја водата доколку забележите дека е матна и темна.

ЗАБЕЛЕШКИ
• Повеќето свежи билки, доколку се складирани на овој начин, ќе траат повеќе од една недела;
• Босилекот не смее да се чува на овој начин. Подобро е да го оставите непокриен и на собна температура.

Related Posts with Thumbnails