wordpress counter

Совети за беспрекорна хигиена и ред во кујната

Сакале или не, кујната е срцето на нашиот дом. Таму се подготвува храната, се слуша музика, поминуваме квалитетно време со останатите членови на семејството. Токму поради таа фреквенција на настани, во кујната често се прави неред и нечистотија. Еве неколку совети како да го надминете тоа.

Во кабинетите, садовите треба да се така наредени што најблиску при рака ќе ви бидат оние садови кои најчесто ги користите.

Сите зачини и тревки кои ги користите при готвењето, потребно е да се чуваат во пластични садови во фрижидер.

За сите стакла, огледала и метални површини, при чистење потребно е покрај средство да користите и крпи за дезинфекција.

Микробрановата печка може да се чисти со помош на лимон. Ставете една чаша со вода и неколку парчиња лимон во микробранова и дозволете смесата да се распрска. Потоа, исчистете со помош на крпа.

Секогаш добро чистете ги следните површини кои собираат најмногу бактерии: рачки од фрижидер, плочки, прекинувачи за електрична енергија, корпите за отпадоци и кваките од вратите.

Дрвената плоча за сечење на храна може да ја исчистите со помош на триење со кора од лимон и потоа со миење со вода.

Кога се подготвувате за готвење, сите состојки наредете ги во садови на работната површина. Така нема да се создава хаос.

Ако ви се собираат мушички, наполнете до половина една тегла со јаболков оцет и оставете да ја отворена на работната површина.

Ножевите секогаш мијте ги рачно, затоа што топлата вода од машината за садови ги отапува.

Ова се само некои совети со кои може да се стави крај на нередот и нечистотијата во кујната. Имате ли вие некој ваш совет? Споделете го со нас.

Related Posts with Thumbnails