wordpress counter

Совети за употреба на зачини

Претпоставуваме дека светот на храната е толку интересен поради фактот што имаме на располагање безброј различни комбинации. Секоја од нив посебна, уникатна и која ќе ни овозможи целосно уживање. Оваа статија е посветена токму на некои од тие необични комбинации.

На пример, босилекот одлично се поврзува со зеленчукот, рузмаринот може да ги оживее варивата и специјалитетите од месо, додека ловоровиот лист ќе го збогати вкусот на супите и варивата. Естрагонот ќе го надополни вкусот на пилешкото месо и морските специјалитети.

Она што треба да се има на ум е јачината на зачините. Понежните зачини (босилек, коријандер, копар, коморач и магданос) за да ја задржат аромата треба да се стават при самиот крај на готвењето. Од друга страна, поотпорните зачини (оригано, жалфија, мајчина душица и рузмарин) може да се додадат и во текот на готвењето.

Совети

• ако одгледувате зачини, тогаш свртете ги саксиите кон јужната страна;
• зачините не сакаат премногу вода. Затоа внимавајте на овој факт при нивното одгледување во домашни услови;
• една лажица сечкан свеж зачин е еднаква на една лажица сечкан сув зачин или ¼ лажица мелен сув зачин;
• најлесно е да ги комбинирате јадењата и зачините кои потекнуваат од ист крај. Така никогаш нема да погрешите.

Related Posts with Thumbnails