wordpress counter

Стари совети за модерни домаќинки

Можеби нашите баби не се многу напредни кога станува збор за совети за нашата кариера, но кога станува збор за домот – тие се ненадминати. Еве неколку од тие совети кои може да се употребат и ден денес.

Дамки на пластични садови
За отстранување на овие дамки ќе ви бидат потребни само влажна крпа и сода бикарбона. Со убаво триење, дамките целосно ќе исчезнат.

Непријатен мирис на апаратот за кафе
Сипете малку вода со бел оцет и вклучете го апаратот за да навлезе водата во системот на апаратот. Ставете да отстои половина час. Потоа, истатата постапка повторете ја со чиста вода.

Кругови од чаши на масите
Доколку не користите подметнувачи за чаши, веројатно на некои од вашите маси има кругови кои тешко се отстрануваат. За да ги отстраните, потопете го крајот од крпата во масло и намачкајте ги трагите од чашите. За оваа цел може да искористите и вазелин.

Мравки
Многу домаќинства, осообено оние кои живеат во куќа, имаат проблем со мравки. За да ги отстаните, употребете гриз. Или гума за џвакање која ќе ја ставите на местото каде што влегуваат во вашиот дом.

Related Posts with Thumbnails