wordpress counter

Тајни состојки кои го подобруваат вкусот на храната

Претпоставуваме дека понекогаш ви досадува еден ист вкус или продукти. Затоа, денес ви предлагаме да испробате неколку различни комбинации со кои ќе го смените и подобрите вкусот на секојдневната исхрана.

Лимон во тестенини
Кога ги варите тестенините, не ставајте сол, туку половина исцеден лимон. На овој начин на оброкот ќе му дадете свежина.

Одрезок со кафе
Ако правите одрезок од некое месо, додадете му комбинација од кафе, мелен црвен пипер, чили во прав, ким, сол и малку бибер. На крај, зачинете со малку сол.

Кајгана со свежо сирење
Измешајте две лажици путер со сирење и потоа додадете го тоа кон изматените јајца. Веруваме дека ќе уживате во ова јадење.

Рен во компир салата
Компир салатата може да биде блага, кремаста ако има мајонез или кисела со оцет и кромид. Но, ако сакате навистина одлична салата, додадете една или две мали лажици рен.

Ќофте со каша од јаболка
Комбинирајте половина килограм мелено јунешко месо, 2 јајца, 1 шолја лебни трошки, 1 шолја каша од јаболка, сол и црвен пипер. Направете топчиња и пржете. По желба, може да додадете и сос од домати.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Пиење и чување на шампањ

Како што е случај со многу алкохолни пијалаци, нивното несоодветно чување може да влијае на нивниот квалитет. Тоа се однесува...

Close