wordpress counter

Три грешки во готвењето кои ги наследуваме од нашите мајки

Веројатно многу често ја слушнате реченицата: „Мојата мајка или баба ја прави највкусната сарма на светот!“ Но, тоа не значи дека и ние ќе ја направиме највкусната. Обично, ние ги земаме од нашите мајки и баби најлошите страни на нивното готвење.

Веруваме дека милион пати едно јадење сте го јаделе приготвено на ист начин. Без каква било храброст, инвентивност или кулинарска креација. Но, тоа не е случај само кај аматерското готвење. И професионалците знаат да паднат во оваа стапица. Причината се грешките при готвењето.

Следуваат трите најчести грешки кои сме ги преземале од нашите мајки и баби:

Преварена, препржена или препечена храна
Ова е главната причина ручекот или вечерата да се претвори во катастрофа. Преварениот зеленчук ќе ја загуби својата текстура, боја и вкус. Наш предлог е да биде свеж или многу малку варен. Истото се однесува и на месото. Без оглед за какво месо станува збор, има подобар вкус ако не е препржено или препечено. Правилно испеченото месо треба да биде сочно и меко.

Пресолена храна
Иако солта се смета за непријател на нашето здравје, сепак, малку сол нема да му наштети на никој. Од друга страна, на повеќето продукти кои ги користиме во исхраната не им треба дополнително сол. Како и да е, премногу сол во јадењето е мрзелив начин јадењето да се направи повкусно.

Некисела храна
Верувајте, вистинската количина на киселост може да го промени досадното јадење. Само ако се употреби на вистински начин. Понекогаш доволно е само малку оцет или лимонов сок.

Совет: не плашете се да експермиентирате. Традиционалните јадења треба, од година во година, да бидат подобри. 

Related Posts with Thumbnails