wordpress counter

Трикови од кујната

Кога зборуваме за трикови од кујната, најчесто наједноставните решeнија се и најдобри. Често се сретнуваме со проблеми кои ни изгледаат нерешливи. Токму затоа е наменета оваа статија. Ви претставуваме 5 трикови од кујната.

Како загорен сад повторно да биде како нов?
Дури и најквалитетните садови за готвење може да загорат или да имаат темни дамки. Ако се обидете да ги измиете, нема да ви успее да ги отстраните дамките. Затоа, садот првин испрскајте го со средство за чистење на рерни и оставете да отстои неколку часа.

Како да ги отстраните дамките од даска за сечење?
Најпрвин треба даската да ја намачкате со лимон. Ако има потврдокорни дамки, тогаш даската премaчкајте со некое абразивно средство и исчистете ја со помош на рапавата страна од сунѓерот. Ако и тоа не успее, тогаш постои уште еден начин – шмиргла.

Како кристализиран мед да го вратите во првобитна течна состојба?
Доволно е теглата мед да ја ставите во сад со топла вода околу 15 минути. Внимавајте температурата на водата да не биде над 40 степени, зошто медот ќе загуби некои од своите основни својства.

Како да излупите „тврдоглав“ ф’стак?
Земете лушпа од излупен ф’стак и обидете се да ја пикнете во најмалото дупче на другиот ф’стак. Потоа завртете ја лушпата како клуч и ф’стакот ќе се отвори.

Како да го спасите презреаното овошје?
Најдобро е кога ќе почне да ја губи бојата, да го излупите, исечете на парчиња и потоа да го ставите во ќесички за замрзнување. Ставете го во замрзнувач и уживајте во него кога ќе посакате.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

5 напорни постапки на келнерите

Знаеме дека е навистина тешко да се биде келнер. Платата е најчесто ниска, работното време долго, се сретнувате со најразлични...

Close