wordpress counter

Убијци во нашите кујни

Научниците од Универзитетот Ексетер направија список на предмети и продукти кои ги користиме секојдневно во нашите кујни, а кои може да се претворат во вистински убијци.

Влажни крпи – оставени со денови може да содржат десетици илјади микорогранизми и во нив може да се наоѓа најголемата концентрација на патогени во целата куќа.

Амбалажа – во одредени амбалажи постојат супстанции кои може да предизвикаат хормонални промени кај децата.

Остатоци од храна – вареното месо смее да се подгрева само еднаш. Растопениот сладолед никогаш повеќе не смее да се замрзнува. Во суштина, смрзнатата храна кога ќе се растопи треба веднаш да се консумира.

Тостер – имаат бројни потенцијално експлозивни електрични елементи. Никогаш не смее да се чисти со нож.

Фрижидер – во преполните фрижидери полесно се расипува храната. Особено поради фактот што потешко се има увид кои продукти се посвежи.

Микробранова печка – садовите со храна која ја подготвувате во оваа печка не смее да бидат поклопени. Во таков случај има ризик од повреди.

Кујнски средства за хигиена – овие средства најчесто се чуваат во долниот дел на мијалникот. Тие сите се опасни, особено ако имате деца во домот.

Related Posts with Thumbnails