wordpress counter

Видео: Кујнски трикови (2 дел)

Во првиот дел видовме како се чисти калинка за неколку секунди и како се лупи варено јајце набрзина. Денес ќе се запознаеме со уште два кујнски трикови кои ќе ве направат многу повешти при готвењето. И фалењето.

Како да ставите пакување лименки во фрижидер за помалку од 5 секунди
Ова е лесен и едноставен трик, но ретко на кого му текнува. Ги отворате двете страни од кутијата, ја ставате на полица во фрижидер и со рака ги буткате лименките.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=3rpITconmsI&feature=player_embedded[/youtube]

Како да исечете јаболко на половина без нож
Доколку не сакате да јадете цело јаболко, а ве мрзи да одите по нож, постои едноставен начин тоа да го направите со раце. Отстранете го гранчето одозгора, и фатете го јаболкото со палец. После тоа ја раздвојувате на половина. Погледнете го видеото и ќе видите дека не е толку тешко.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=Zi-NEwk6jYI&feature=player_embedded[/youtube]

Related Posts with Thumbnails