wordpress counter

Видео: Кујнски трикови (3 дел)

Во вториот дел од овој серијал ви прикажавме видеа кои ќе ви помогнат побргу да наредите лименки во фрижидер или како да исечете јаболко без нож. Денес визуелно ќе разгледаме трикови за лупење на компири и лук за само неколку секунди.

Како да излупите варени компири без мака
Варените комири се врели и често ни прават проблеми при лупењето. Затоа, постои едноставен трик кој ќе ви помогне оваа активност да ја завршите за неколку секунди. Имено, откако ќе ги сварите компирите, префрлете ги во сад со многу студена вода и оставете ги во него неколку секунди. Потоа, извадете го комирот, стиснете со двете раце и одвојте ја кората.

Како да излупите главица лук на најбрз можен начин
Сè што треба да направите е да ја здробите главицата лук, да ја ставите во метален сад кој ќе го затворите со уште еден метален сад. Потоа, протресете силно 10-тина секудни и лукот е подготвен за користење.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Нови изуми – уред за вдишување на храна и амбалажа за јадење

Неодамна ве информиравме дека американскиот научник Дејвид Едвардс и францускиот дизајнер Филип Старк направиле алкохолен спреј кој со едно прскање...

Close