wordpress counter

Видео упатство: Како да сечете кромид без да плачете

Славниот британски готвач Гордон Ремзи, со видео ни ги открива тајните на сечкањето кромид без да пуштиме солза. Претпоставуваме дека повеќето од вас имаат проблем токму со ова, а кромидот е речиси неизоставен дел на секое јадење.

Она што е најважно е дека не смеете да го сечкате коренот на кромидот. Ако го пресечете, тогаш кромидот започнува да испушта сокови и потоа следува неизбежното плачење.

За да го исечкате кромидот како професионален готвач потребен ви е многу остар нож. Откако ќе го излупите, го сечкате на тенки кругови, внимавајќи на коренот. Потоа, исечкајте го на две места напречно и продолжете со ситно сечкање, сѐ до крајот.

Секако, треба многу да винимавате, затоа што и еден Гордон Ремзи пушти некоја солза во ова видео:

Related Posts with Thumbnails