wordpress counter

Водич за совршена скара (1 дел)

Започнувајќи од денес, во неколку продолженија ќе ви ги пренесеме најважните совети од врвни готвачи за тоа како да направите апсолутно вкусна скара. Започнуваме со риба.

Риба
При купување на свежа риба, не смее да има компромис – рибата мора да биде тврда на допир, со испапчени стаклени очи, розови шкрги. Рибата се соли исклучиво со морска сол. На една од страните на рибата треба да се направи рез во должина по рбетот. Засечете до самата коска, затоа што тоа ќе овозможи подобро печење.

Рибата треба да се пече што е можно пократко, бидејќи со долго печење губи на сочност. Откако ќе ја истриеме со морска сол, можеме внатрешноста да ја наполниме со суви зачини – мајчина душица, оригано и рузмарин. Рибата се соли и зачинува кога огнот е веќе запален. Подготовка на рибата од претходна вечер не доаѓа во предвид.

Рибата се пече на умерен оган и на решетка која добро сте ја намастиле. Внимавајте да не се залепи за решетката. Преку резот можете да проверите дали рибата е печена. Имено, месото треба лесно да се одвојува од коската, но коската не смее да биде печена.

Совет: кога ја полните рибата со зачини, со прсти бутнете ги зачините кон главата, за да не испаднат. При печењето, неколку пати намачкајте ја со масло. Рибата, како и сè друго што се приготвува на скара, не треба многу да се врти. Вистинскиот мајстор рибата ја врти само еднаш.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Шарен омлет

Ако сакате вистински богат омлет, тогаш насечкајте разновиден зеленчук и додадете го. Овој вкусен оброк можете да го приготвите за...

Close