wordpress counter

Водич за совршена скара (2 дел)

Во првиот дел зборувавме како да направиме совршена риба на скара. Вториот дел го посветуваме на пилешкото месо, поточно пилешките крилца.

Пилешко месо (крилца)
Кога купувате пилешко месо обрнете внимание на кожата. Таа треба да изгледа како да е влажна и пожелно е да има жолтеникава боја (сугерира дека пилето е поквалитетно хрането). Кога набавувате пилешко месо за скара, треба да одберете некое кое доаѓа од помалите производители, поради поприродна исхрана. Треба да се избегнуваат готовите преработки и веќе зачинето месо.

Кога приготвуваме пилешки крилца на скара потребна е маринада од лимета и морска сол. Врвовите на крилцата треба малку да се одвојат, затоа што горат при печењето. На маринадата ѝ се додава и маслиново масло и зачини по желба. Месото треба да стои во маринада уште од претходната вечер, а треба да биде извадено од фрижидер неколку часа пред печењето. Во моментот на ставање на скара треба да биде на собна температура.

Совет: пилешкото месо се пече на умерен оган. Затоа, ако имате повеќе врсти на месо, пилешкото оставете го последно за печење. Месото кај коската не смее да остане црвено.

Маринада

Издробете ги морската сол и биберот во зрна. На оваа смеса додадете сок од лимета, маслиново масло и јаболков оцет. Сите состојки убаво промешајте ги и ставете го месото во нив.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Како да засакате кељ?

Кељот станува популарна состојка во гастрономските кругови и помеѓу нутриционистите. Но, неговиот специфичен вкус и варењето по консумацијата им прави...

Close