wordpress counter

Водич за совршена скара (3 дел)

Денешната лекција за совршена скара е посветена на свинското месо.

Кога станува збор за скара, тогаш најдобро е да одберете царско месо, бут или парчиња од вратот или подстомачниот дел. Всушност, не мора многу да се одбира – месото од свиња е одлично за скара, но мора да се ароматизира.

Парчето месо треба да има светло розеникава боја. Темната боја кажува дека не е многу квалитетно месото. Најдобро е да биде некое филе кое треба да се исчисти, но масниот дел не треба да се отстранува.

Амонијакалната нота на месото се отстранува со ароматизација со помош на сенф, пачја маст и каранфилче. Филето, пред маринирање, треба да се исече на медалјони со дебелина од 3-4 сантиметри. Покрај маст, сенф, каранфилче, сол и бибер, може да се искористи и дробен коријандер. Оставете го месото во маринада преку ноќ.

Совет: зачините ставете го во сад, а потоа додадете маст и сенф. Промешајте за да добиете хомогена смеса, односно паста. Со неа намачкајте ги обилно парчињата месо. Месото извадете го од фржидер два часа пред печење. Печете кратко на јак оган за да може внатрешноста на месото да остане сочна.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Што зборува за мажот јадењето што ќе го нарача?

Интересно е дека нарачката која ја правиме во рестораните може да открие делови од нашата личност. Денес ќе се обидеме...

Close