wordpress counter

Водич за совршена скара (4 дел)

Во претходните три дела од статијата објаснивме како најдобро се приготвуваат рибата, пилешкото и свинското месо. Денешниот, последен текст од овој серијал, е посветен на говедското месо.

Говедско месо
При купување на говедско месо треба да внимавате месото да биде шарено. Колку повеќе мали точки има на него тоа значи дека јунето било добро хрането. Пред печењето месото мора да биде на собна температура. Температурата на печење, односно разликата помеѓу температурите во внатрешноста и надворешноста на месото е најважна при печење на говедско месо. Кај средно печениот одрезок, температурата во средината е 35 степни, додека на 40 степени протеините веќе коагулираат.

Ако парчето месо има коска, тогаш не ја отстранувајте. Коската пропушта топлина и помага при печењето. Во таков случај, при печењето, парчето секогаш се легнува од страната на коската. Најдоброто говедско месо за печење е делот под плешката кој се нарекува и шарен рамстек. На секоја крава има само 12-16 вакви одрезоци. Ова парче месо содржи три различни видови на мускул и затоа е совршено избор за скара.

Related Posts with Thumbnails