wordpress counter

Зеленчук со сите нишани

ЗЕЛЕНЧУК СО СИТЕ НИШАНИ

Нутриционистите, докторите и медиумите постојано нѐ потсетуваат дека треба да консумираме зеленчук. Но, често пати за време на готвењето, без да бидеме свесни, ги уништуваме сите негови хранливи состојки. Затоа, треба да внимаваме на следниве работи, за да ги сочуваме витамините и минералите во него.

• Купувајте само свеж зеленчук. Зеленчукот започнува да ги губи своите важни состојки од моментот на негово берење;
• Складирајте го зеленчукот на соодветен начин. Колку подолго стои во фрижидер, толку повеќе губи од своите хранливи состојки. Затоа најдобро е да го зготвите веднаш откако сте го купиле;
• Измијте го зеленчукот, но не го потопувајте во вода. Многу од неговите составни делови ќе останат во водата;
• Варете го со многу малку вода. Пржење со постојано мешање, подготовка во микробранова печка или варење на пареа се најдобри начини да се сочуваат хранливите делови.

ДОПОЛНИТЕЛЕН СОВЕТ
• Замрзнатиот зеленчук е исто добар како свежиот. Тој се замрзнува многу брзо откако ќе се набере и затоа ги има хранливите состојки.

Related Posts with Thumbnails