wordpress counter

Знаете ли правилно да користите сол? (1 дел)

Солта е зачин кој најчесто го користиме кога готвиме. Се користи за зајакнување на интензитетот на вкусот, односно зачин кој ни помага да направиме една целина која ќе има подобар вкус. Затоа, бројни гастронмски експерти зборуваат за начинот на кој ја користиме солта.

Еден од нив е Томас Келер, кој е реномиран готвач со долгогодишно искуство. Според него, готвењето е индивидуален чин и не мора секогаш да им се допадне на повеќе луѓе. Келер вели дека еден од готвачките императиви, наречен „додадете сол и бибер“, многу често погрешно се толкува. Вели дека треба да се прави разлика помеѓу „да се зачини“ јадењето, што значи да се додаде вкус и поимот „да се збогати вкусот на јадењето“, што значи да се интензивира вкусот без да се менува изворниот вкус.

Солта е зачин кој најчесто се користи да се зајакне интензитетот на вкусот и секако треба да имаме на ум дека таа го заокружува вкусот на јадењето. Тој треба да биде подобар, но никако солен. Таквата кулинарска рамнотежа, според Келер, се постигнува со додавање на сол преку две врсти на подготовка: „влажна“ и „сува“. Во следната статија ќе ја разгледаме разликата помеѓу тие две постапки и како правилно да ја користиме солта за време на готвењето.

Related Posts with Thumbnails