wordpress counter

Знаете ли правилно да користите сол (2 дел)

Во првиот дел од статијата зборувавме за солта како еден од најчесто користените зачини и за нејзината (не)правилна употреба. Солта треба да го заокружи вкусот на јадењето и според експертот Келер, солта може да ја додаваме на јадењата преку две постапки: сува и мокра.

Воден начин на подготовка
Кога храната се подготвува во солен раствор, особено месото, треба да се знае дека со ставањето на месото кое воглавно се состои од вода, се создава рамнотежа помеѓу солта во природните сокови на месото и солта во солениот раствор. Тоа овозможува и рамномерно распоредување на соленоста на месото или рибата и на тој начин се збогатува вкусот.

Сув начин на подготовка
Кога се подготвува, да речеме лосос или некои видови месо, не се користи солен раствор. Тука веќе станува збор за сув начин на подоготвка каде се користат бројни зачини базирани на микс од солени и слатки вкусови, кои не се разградуваат во вода и се додаваат директно на месото. На овој начин, не само што се збогатува вкусот, туку и се создава албумин. Така, освен по вкус, се богатува и естетскиот изглед на храната преку создавање на потпечена кора.

Ако храната се подготвува во солен раствор, тогаш се користи обична или кошер сол. Другите видови сол кои се обогатени со разни додатоци воопшто не гарантираат повкусно јадење.

Но, најважниот совет е да знаете кои вкусови ви се омилени и врз база на тоа да примените некоја од наведените техники, за да се истакне што е можно подобро изворниот вкус на јадењето.

Related Posts with Thumbnails