wordpress counter

8 најголеми иновации за кујните на идината (1 дел)

Кујната, како еден од најважните простори во нашиот дом, веќе долго време е предмет на интерес на инжинерите и производителите. Речиси секогаш најновите иновации имаат примена и во кујната. Ако зборува за новите, високо технолошки кујни на иднината, тогаш мора да ги споменеме следниве 8 иновации, кои имаат за цел да ни го олеснат престојот таму.

Бежични уреди
Бежичните уреди ги заменуваат некогашните кабли и жици. Оваа технологија е на пат да биде дел и од нашите блендери, миксери, тостери и други мали кујнски уреди. Со тоа, ќе се отвори простор, ќе се спасиме од непотребните кабли и ќе се зголеми сигурноста во поглед на нивната употреба.

Електронска контрола
Кујната на иднината ќе вклучува технологија која ќе знае што има во вашиот фрижидер, што треба да купите, што е потребно или што ви фали за вашиот омилен рецепт… Покрај тоа, во секој момент ќе го знаат рокот на траење на продуктите кои ги имате и секако, точна мерка на производите кои ви останале (на пример, во садот за брашно имате 246 гр брашно).

Мултифункционални површини
Иноваторите размислуваат на спојување на активностите на една површина. На пример, садовите откако ќе се измијат и исушат во машината за садови, да може да се пренесат во некој од кабинетите, без вие да се занимавате со тоа.

Напредно програмирање на уредите
Со оглед дека еден ден сите кујнски уреди ќе бидат контролирани од апликации, тогаш програмирањето ќе биде од голема корист. Додека вие си играте со децата во блискиот парк, шпоретот ќе се вклучи и ќе го загрее јадењето кое сте ги приготвиле, за да биде подготвено кога ќе се вратите. Или, машината за кафе ќе го подготви вашето кафе за да се напиете веднаш откако ќе станете.

Related Posts with Thumbnails