wordpress counter

Како до мала и умна кујна

Во услови кога посе­ду­ваме мал и огра­ни­чен про­стор наме­нет за кујна, потребно е да изнај­деме начин како да го орга­ни­зи­раме и како да сме­стиме сѐ во него. Овој текст е наме­нет токму за тоа — како да напра­виме мала и умна кујна.

Фри­жи­дер
Нај­до­бар избор е фри­жи­дер со две фиоки (една за ладење и една за замр­зну­вање) наме­сто огро­мен уред кој зафаќа голем про­стор. Ова, сепак, не е нај­и­де­а­лен избор ако ста­нува збор за 5-члено семеј­ство, но ако сте еден или двајца, ова е одли­чен начин на заштеда на просторот.

Кујн­ски еле­менти
Кога ста­нува збор за кујн­ските еле­менти подо­бро е да кори­стите отво­рени полици наме­сто затво­рени каби­нети. Освен што сѐ ќе ви биде на дофат, посто­јано ќе зна­ете каде сѐ се наоѓа. Пред­ме­тите гру­пи­рајте ги по намена и боја, па дури потоа решете каде ќе сто­јат, за да го избег­нете хаосот.

Огле­дало
Огле­дало поста­вено над шпо­ре­тот, на при­мер, ќе ја направи куј­ната визу­е­лно пого­лема. Освен тоа, не се пла­шете да поста­вите слики и фото­гра­фии. Тоа ќе ви даде убаво чув­ство додека готвите и нема да ве нападне клаустрофобија.

Ѕид и дрво
Дрвото и ѕидо­вите во све­тли бои носат чув­ство на пого­лем и поши­рок про­стор. Затоа, при уре­ду­ва­њето вни­ма­вајте на боите кои ќе ги упо­тре­бите.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Уредување