wordpress counter

Минимал трпезарија

Овој сет кој се состои од модерна трпе­за­ри­ска маса и сто­лици е наме­нет за сите оние кои сакаат да ужи­ваат кога се во сво­јот дом. На овој начин, трпе­за­ри­скиот про­стор може да се кори­сти и како место за јадење, но и како место за водење при­јатни раз­го­вори со шолја кафе.

Овој мебел се ком­би­нира во секој дом каде постои кон­цепт на мини­ма­ли­зам во уре­ду­ва­њето. Се поста­вува вед­наш до куј­ната и на тој начин се скра­тува дви­же­њето и вре­мето потребно да се сервира и кон­су­мира храната.

Ако масата ја иском­би­ни­раме со сто­лчиња во сина боја, тогаш мошне бргу може да ја транс­фор­ми­раме во маса на која може да се раз­го­вара. Допо­лни­те­лно, сината боја ќе создава состојба на при­ја­те­лска и релак­си­рачка атмо­сфера, што е одли­чен пред­у­слов за при­ја­тен разговор.

Про­и­зво­ди­тел е Мери­ди­јани од Ита­лија, кој е рела­тивно нов член на сце­ната на неза­ме­нли­виот ита­ли­јан­ски дизајн на мебел. Иако постои само 13 години, веќе успеа да си обез­беди свое место на изби­рли­виот пазар на мебел. Нив­ниот мебел краси огро­мен број кафе­те­рии, хотели, болници, ресто­рани и рези­ден­ции во Ита­лија и све­тот.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Уредување