wordpress counter

Најнови трендови во дизајн на кујните

Основната идеја на кујната како простор за приготвување на храна присутна е и во најновите концепции, но дизајнот на елементите, како и филозофијата на искористување на просторот ѝ даваат нова димензија на таа идеја.

Според стилот и дизајнот, кујната не се разликува од трпезаријата и дневната соба, а ако е поврзана со нив мора да биде и во склад со тие простории. Дизајнот на кујните станува футуристички, визулено едноставен, но пред сè практичен. Дури и некогашните рустикални кујни стануваат модернистички, како поради начинот на обработка на материјалот, така и поради најновите технолошки достигнувања.

Заоблените форми се визулено допадливи и многу практични во поглед на одржувањето. Токму едноставното одржување, минималистичкиот заоблен изглед и новите функционалности се некои од најновите трендови во уредувањето на овој простор во нашите домови.

Така, ќе сретнеме стаклено-керамички плочи за готвење сместени во стаклен дел од работната површина и кои изгледаат како да лебдат над останатите елементи. И сето тоа поврзано со интелигентни системи на управување. Најновите трендови носат и откачени пораки. Тоа подразбира целосна слобода во изборот на материјали и бои (живи бои, траиголни и трапезни форми) што треба да донесе освежување, разиграност и динамичност во просторот.

Покрај тоа, се користат многу и искршени форми на елементи, кои во комбинација со нови тапети и налепници за ѕидовите, создаваат сосема ново доживување во просторијата за готвење. Необичноста и слободата во дизајнот може да се гледа и во самите уреди. На пример, фрижидери обложени со џинс или сместени во телефонска говорница.

Модерните кујни ги задоволуваат сите потреби за современо живеење и најновите начини на приготвување на храната. На вас останува да ја одберете комбинацијата на дизајн и технологија која ќе ги задоволи вашите потреби и ќе овозможи уживање во просторијата во која често престојуваат сите членови на семејството.

Related Posts with Thumbnails