wordpress counter

Серијал: Кујна на месецот (2 дел)

Продолжуваме со серијалот во кој претставуваме кујна на месецот. Минатиот пат ја претставивме француската провансалска кујна, а овој пат ќе уживаме во модерна дрвена кујна.

Модерна дрвена кујна
Станува збор за кујна која е модерна, но користи порустични материјали. Има чисти линии, со боја и длабочина која носи топлина. Интересно е дека доволна е и за двајца и за забава со 10-тина луѓе.

Бојата на орев носи мек, мазен и органски финален изглед. Наместо да користат дрво кое е веќе обработено и на него да нанесат нијанса која ќе сјае, дизајнерите употребиле необработено дрво на кое нанеле абоносова нијанса. На тој начин, им е даден живот на сите дрвени кабинети и работни површини.


Секако, треба да се внимава кога се употребува темно дрво. Потребно е да има што е можно повеќе дневна светлина, за да не се случи просторијата да биде премногу темна. Подот е направен од бреза и прави контраст на темното дрво. Буквално, како да се наоѓате на некое мало бротче.

Покрај тоа, овој обид докажува дека дрвото одлично се комбинира и со апарати и кујнски делови од не р’ѓосувачки челик. Оваа кујна е токму она што ќе биде популарно во 2011 – прави линии, помал простор и одржливи материјали.

Related Posts with Thumbnails