wordpress counter

Серијал: Кујна на месецот (3 дел)

Во првиот дел зборувавме за француската провансалска кујна, додека во вториот дел претставивме модерна кујна од дрво. Денешната статија ја посветуваме на романтична стара кујна во сино и бело.

Романтична стара кујна во сино-бела комбинација
Оваа кујна ја дизајнираше австралијанката Линдзи Коен. Инспирацијата лежи во синиот и белиот порцелан и француските пекари. Едноставно, дизајн и изглед кои ве носат во друго време и друга земја.

Повеќето од елементите во кујната имаат ковано железо и правено е рачно. Покрај тоа, целата атмосфера е надополнета со резбани елементи. Секако не мора сѐ да биде практично, но ако сакаме малку романтика, тогаш ќе мора да заборавиме на практичноста.

На бело-сината приказна се надоврзува темното дабово дрво на подот, на наслонот на столчињата и на работните површини.

Инаку, Лиза работела 8 години како стилист, арт директор и фотограф. Нејзината посветеност кулминираше со позицијата на уредник на списанието „British House & Garden“.

Related Posts with Thumbnails