wordpress counter

Серијал: Кујна на месецот (5 дел)

Во претходните делови можевте да уживате во француска провансалска кујна, модерна кујна од дрво, па и во романтична стара кујна во сино-бела комбинација. Денешната статија ја посветуваме на нешто помодерно. Станува збор за модерна кујна со приморски вкус.

Модерна кујна со приморски вкус
Станува збор за кујна која ја проектирала Аник Персон, која користи уникатна комбинација од дрво, бетон и метал. На тој начин креира елегантна и модерна кујна со приморски шмек.

Во основа се наоѓа дабово дрво, кое за да не добие рустичен изглед, му се нанесува светло сива боја и потоа добива полиуретански сатенски финиш со цел да добие сјај. Кабинетите се од нер’ѓосувачки челик, со цел да ѝ се даде на целата кујна елеганција и модерен дух.

Сите рачки на кабинетите се долги и всушност идејата е добиена од мали бродови и јахти. На работните површини има излиено бетон. Предноста е дека бетон одлично влегува во калапот и мошне лесно се чисти.

Како продолжение на целата приказна е посебниот таван кој е додаден на просторијата. Тој ја поврзува кујната со останатиот простор во домот, што е традиционална работа. Сѐ на сѐ, постои една постојана тензија помеѓу старото и новото, помеѓу дрвото и челикот. А, овие приморски светла на таванот се вистински накит на просторијата.

Related Posts with Thumbnails