wordpress counter

50-те најдобри светски барови за 2011

Неодамна е објавен списокот на најдобрите 50 барови во светот. Овој список ќе ви се најде доколку посетите некои од оние градови кои ги имаат најдобрите барови. Ќе знаете во кој бар да се упатите, да испиете некоја чашка, да почувствувате незаборавно искуство и на крајот, кога ќе се вратите дома, да се пофалите на пријателите дека сте биле во еден од најдобрите барови во светот. И, се разбира, не заборавајте да се сликате.

Оваа анкета ја спроведе списанието за коктел индустрија „Cocktail  International“, а во неа учествуваа експерти од целиот свет, вклучувајќи и медиуми и познати личности. Најзастапени на листата на најдобри барови се баровите во Лондон и Њујорк. Париските барови ги заземаа деветото место – „Harry’s New York Bar“, дваесетото со „Buddha Bar“  и 48-то со „Hemingway Bar“. Во Барселона се „Dry Martini Bar“ на 12-то, „Boadas“на 37-мо и „Mutis“ кој се најде на 45-тото место. Од останатите европски градови, на овој список се најдоа и Амстердам со „Door74“ на 29-то место и Москва со „City Space“ на 32-то место. Останатите најдобри барови се најзастапени во Мелбурн, Сиднеј, Хавана, Дубаи и Мексико.

Еве го и списокот на 10-те најдобри барови во светот:

1 „PDT“, Њујорк
2 „Connaught“, Лондон
3 „Artesian“, Лондон
4 „Death & Co“, Њујорк
5 „Milk & Honey“, Лондон
6 „American Bar at the Savoy“, Лондон
7 „69 Colebrooke Row“, Лондон
8 „Drink, Boston“ САД
9 „Harry’s New York Bar“, Париз
10 „Black Pearl, Melbourne“, Мелбурн

Related Posts with Thumbnails