wordpress counter

Алкохол, енергетски пијалаци и секс

Едно ново истражување на научниците на Универзитетот во Бафало открива една необична поврзаност. Станува збор за комбинацијата од консумирање на алкохол и енергетски пијалаци и последиците од тоа пијанство.

Имено, оваа комбинација на пијалаци може да доведе до прекумерно консумирање на алкохол, бидејќи кофеинот од енергетските пијалаци го маскира чувството на опиеност. Како резултат на тоа, се зголемува потребата за секс за една вечер.

Студијата покажала дека 30% од американските студенти редовно консумираат алкохол со енергетски пијалаци. Покрај тоа, дури 50% од нив изјавиле дека потоа имале сексуален однос со личност со која не се во врска и дека половина од нив не користеле никаква заштита.

Related Posts with Thumbnails