wordpress counter

Antinori, Orvieto Classico Campogrande 2007

Од пре­кра­сните ридови на ита­ли­јан­ската покра­ина Умбрија ни доаѓа ова куве од четири сорти: Procanico (40%), Grechetto (15%), Verdello (15%), Drupeggio и Malvazia (5%). Виното се одли­кува со бледо-нежна жолта боја, со зелен­каст отсјај и уме­рена бистрина.

Во првиот кон­такт со овој пија­лак, ќе почув­ству­вате супти­лна арома на свежо јабо­лко и вку­сни ово­шни и цветни ароми. Ста­нува збор за меко и питко вино со 12% алко­хол. Родот и бер­бата од 2007 година ја пра­теа одлични вре­мен­ски услови и клима без многу сту­дени денови и без многу дожд за време на зреењето.

Откако бер­бата е завр­шена, виното се чува на темпе­ра­тура од 10 сте­пени и потоа кра­ток вре­мен­ски период во буриња од челик, каде темпе­ра­ту­рата не смее да над­мине 18 сте­пени. Потоа се про­чи­стува и се флашира.

Инаку, Antinori го про­и­зве­дува ова вино од 1922 година, а сво­ето сега­шно име Campogrande го добива во 1988 година.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ПИЈАЛАЦИ