wordpress counter

Бело варено вино

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Вареното вино е еден од најпопуларните пијалаци во текот на зимскиот период. Ако уште се наоѓате на некоја планина, опкружени со снег, камин и добро друштво, тогаш овој пијалак ќе биде причина за уште подобро расположение.

Со оглед дека имаме објавено рецепт за црвено варено вино, денес ви претставуваме бело варено вино.

СОСТОЈКИ
● 2 литри бело вино
● 250 мл сок од портокал
● 7 големи лажици шеќер
● 1 цимет стапче
● 8 каранфилчиња

ПРИГОТВУВАЊЕ
Налејте го виното во длабок сад и загрејте го на оган. Додадете сок од портокал, шеќер, цимет и каранфилче и варете уште 15 минути. Внимавајте да не зоврие, зошто во тој случај нема да го добиете посакуваниот вкус. Сервирајте топло.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Мирисот на портокал го поттикнува купувањето

Научниците, трговците и вработените во маркетинг знаат дека одредени мириси ги поттикнуваат потрошувачите да купат повеќе продукти од она што...

Close