wordpress counter

Бразилски пијалаци (1 дел)

Бразилците се познати по многу егзотични пијалаци, од кои најпозната е каипирињата. Во оваа статија решивме да претставиме уште неколку, кои навистина заслужуваат да се најдат на менито.

Батидас
Микс од кашаса овошје, лед и многу шеќер. Мошне популарен пијалак, особено по целиот брег на Бразил. Всушност и каипирињата е само еден вид на батидас.

Меја де седа
Ова е „женски“ пијалак. Станува збор микс од  џин, ликер од какао, 1 лажица шеќер и 1 лажица цимет. Меја де седа е ретро пијалак, остаток од златните и неповторливи 50-ти години.

Алуа
Особено популарна во северните држави на Бразил – Бахиа и Пернамбуко. Може да биде и со алкохол и без него. Се подготвува од кора од ананас (мора да се чува цела ноќ во вода), два литри вода, кафен шеќер, рендан ѓумбир и каранфилче.

Related Posts with Thumbnails