wordpress counter

Бразилски пијалаци (2 дел)

Минатата недела се запознавме со батидас, меја де седа и алуа, како дел од традицијата на пијалаци на Бразил. Овој пат ќе уживаме во уште неколку други, помалку или повеќе познати пијалаци на југот на Америка.

Порадиња
Ова е пијалак карактеристичен за студентите, додека возрасните буквално „се срамат“ да го пијат во јавност. Се прави од кашаса, до половина метална чаша и малку спрајт или сода. Потоа чашата се затвора, се подигнува и се удира од масата. Поради содата, пијалакот бргу добива на волумен но, сѐ на сѐ, ќе добиете само една поголема голтка.

Сабмарино
Се прави од Steinhager (пијалак добиен од смрека) и пиво. Оригинално, овој пијалак има германски корен, но германските доселеници овие два пијалака ги пиеле одвоено.

Гуарана
Како што кажува и самото име, се прави од амазонското овошје гуарана, кое содржи два пати повеќе кофеин отколку кафето. Затоа, овој пијалак се користи за надополнување на енергијата.

Овошен сок
Може да уживате во навистина посебни вкусови, добиени од купуашу, бакури, ашаи, касу орев, каја, лебно дрво, сиригуела.

Гарапа
Ова е сок од шеќерна трска, на кој се додава зелен лимон или ананас. Еден од најпопуларните пијалаци во Бразил.

Related Posts with Thumbnails