wordpress counter

Champurrado – Мексикански чоколаден напиток

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (5 гласа, просек: 5,00 од 5)


Champurrado e мексикански пијалак кој е дел од фамилијата на топли напитоци атоле. Овој пијалак се служи или наутро со чуро (еден вид долгнавеста крофна), како појадок или доцна попладне како ужина. Чампарудо е особено популарен за време на Божиќ, кога се служи заедно со тамале – тесто кое може да се наполни според вашиот вкус.

СОСТОЈКИ
• 2 големи лажици палента или пченкарно брашно
• 2 големи лажици мелен амарант
• ½ стапче цимет или ванила
• 250 мл вода
• малку сол
• 40 мл млеко
• 25-50 гр темно чоколадо

ПОДГОТОВКА
Во сад за варење промешајте ги првите четири состојки и варете на средно-јака температура. Кога смесата ќе почне да врие, додајте сол и варете на умерен оган уште 10-тина минути со затворен поклопец.

Потоа, со постојано мешање, додадете го млекото. Кога повторно ќе зоврие, додадете коцки темно чоколадо и мешајте додека не се растопи целосно. Се сервира врело.

Related Posts with Thumbnails