wordpress counter

Chateau Val Joanis Red 2005

Лична карта
Врста: Црно вино
Aлокохол: 14%
Сорта: Syrah, Grenache
Берба: 2005
Регион: Франција
Производител: Chateau Val Joanis
Се комбинира со: месо, јадења од дивеч, гуска, патка, мисирка, зеленчук, месо на скара
Температура на послужување: 18-20 степени

Ова вино потекнува од еден релативно непознат вински регион – Cotes du Luberon. Се наоѓа на крајниот југоисток на долината Рона, каде во производството на вино преовладуваат сортите грозје Grenache и Syrah.

Токму и затоа овие две сорти треба да учествуваат со 60% во финалната мешавина, за да може виното да ја носи оваа ознака за регион. Лозјето е сместено во регион со континентална клима, но со многу сончеви денови.

Винаријата е сместена во местото Пертиус. Покрај виното, интересни се и градините на винаријата, кои се дел од француската туристичка понуда.

Со оваа купажа доминира Syrah, додека Grenache е застапен со 10%. На тој начин, се ублажува силното влијание и вкус на Syrah и се внесува неопходната елеганција и овошен вкус.

Ова вино треба да биде барем 15-tина минути во чаша, за да се отвори и да ни ги подари сите свои ароми и вкусови. Во една единствена голтка ќе препознаете ароми на сирење, темно овошје, земја, чоколада и даб. Иако, сите овие ароми делуваат шаренолико, сепак прават одлична целина.

Покрај танините, во устата ќе почувствувате и вкус на запечени сливи. Интензитетот се зголемува кон крајот на голтката. Ова вино е и прилично кисело, што го прави компактно и живо. Сепак, 14% алкохол ја стишуваат киселоста и прават да уживате во вкусот.

Related Posts with Thumbnails