wordpress counter

Човекот кој го измисли „Фрапучино“

Кафе културата во светот се движи од супер премиум типови на кафе, па сè до најразлични локални врсти на кафе од различни региони. Еден од светските синџири на кафе, чии пијалаци се приготвуваат од најдобрите врсти на кафе е американскиот „Старбакс“.

Во нивното мени, најпопуларен пијалак е „Фрапучино“. Верувале или не, минатата година продажбата на ова уникатно кафе донела преку 2 милијарди долари. Но, веруваме дека малку од вас знаат дека тој производ не е иновација на „Старбакс“, туку на еден човек по име Џорџ Хауел.

Џорџ Хауел во текот на 90-тите години го поседувал синџирот „Coffee Connection“. Тој го измислил „Фрапучиното“ во желба да му парира на „Старбакс“. Тој започнал да екпериментира со ладни матени еспреса, а крајниот резултат е еден од најпродаваните кафе пијалци на денешницата.

Во текот на 1994 година „Старбакс“ го купува „Coffee Connection“ за 23 милиони долари, а со тоа и брендот „Фрапучино.“ Оттогаш, Хауел се врти кон производителите на кафе и фармерите, со кои одржува блиски врски.

Сега, тој поседува пржилница и има план да отвори нова кафетерија во Бостон. Покрај одлично кафе, ќе има и работилница за едукација на сите вљубеници во овој пијалак. Тој смета дека во моментот кафе културата е на најнисоко можно ниво и планира да го промени тоа. Дали Џорџ ќе успее да дигне нова револуција во светот на кафето, останува да видиме.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Печени компири со магданос и лимон

Ова е француски специјалитет кој станува популарен низ целиот свет. Станува збор за печени компири во маст од патка, во...

Close