wordpress counter

Ден за вкусни пијалаци: Чоко-банана смуди и фрапе од јогурт и јагоди

1 глас2 гласа3 гласа4 гласа5 гласа (1 гласа, просек: 5,00 од 5)


Недела ја прогласивме за ден на вкусни пијалаци. Денешните рецепти ќе ви помогнат да подготвите чоко – банана смуди и фрапе од јогурт и јагоди.

Чоко – банана смуди

СОСТОЈКИ (за 1 лице)
• 1 банана
• ½ шолја млеко од соја
• 2 лажици какао во прав
• 1 лажица мед

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: излупете ја и исечете ја бананата на парчиња. Ставете ја исечканата банана во замрзнувач.

Чекор 2: измешајте ги млекото, какаото во прав и медот во блендер. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Чекор 3: постепено додавајте ја замрзната банана низ отворот на капакот на блендерот. Мешајте додека не се изедначат сите состојки.

.

Фрапе од јогурт и јагоди

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 125 мл сок од ананас
• 200 мл јогурт
• 250 гр свежи или смрзнати јагоди
• 1 лажица кафен шеќер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: сите горенаведени состојки ставете ги во миксер.

Чекор 2: мешајте на средна брзина, сè додека фрапето не стане густо и кремасто.

Related Posts with Thumbnails